Љубовта без мерак век не векува

Доктор Секс

Дефектна врска е врската што не предизвикува посакуван ефект. Реалноста на која се базирани овие врски е наметната и здодевна. Здодевноста пак, води во апатија и негативни емоции. Ова значи дека за човекот да биде жив не е доволно само телото да му биде живо. За човекот да биде жив треба да му се живи идеите што ги носи во себе.

Врската базирана на здодевност и постојано повторување на едно исто е мртва како и учесниците во неа. Нема живот надвор од љубовта затоа што љубовта е креатор на секое движење. Секое негирање или обид да биде заобиколена љубовта, доведува до бесцелност и здодевност.

Да биде заобиколена љубовта значи да сме со некого за кој немаме мерак, и тоа е изворот на дефектите во секоја област од животот. Кога човек прави нешто не затоа што природно му доаѓа да го прави, туку си го наметнува, тој си создава само страдање. Во случајов, секој  мотив за интимна врска без искрена љубов може да креира само драми и лоши спомени.

Нарачајте ја книгата ДОКТОР СЕКС

За 190 денари со БЕСПЛАТНА достава!