Велигден

by Апр 12, 2015Анатомија на моќта

Христос е персонификација на божјата моќ.

Велигден е најголемиот празник на христијаните затоа што ја прославува бижјата моќта, симболично претставена во ликот на Исус Христос.

На велигден, тоа што Јуда го предаде за кесе сребреници, Христос го воскресна за три дена.

Но што предаде Јуда?

Jуда ја предаде љубовта за кесе сребреници!

Како што е Христос персонификација на љубовта и моќта, така и Јуда е персонификација на среброљубието. Тој е симболот на луѓето кои секој ден си ја продаваат својата љубов за кесе сребреници, правејќи нешто што не сакаат, трпејќи луѓе што не им значат ништо учествувајќи во игри за кесе сребреници, без разлика на големината на кесето.

Велигден

Сепак, Велигден постои за луѓето да знаат дека секој човек во себе ја носи Божјата честичка преку која во секој момент може да ја воскресне божјата моќ (Христос) во себе.

Но љубовта не е она нè учи околината. Љубовта е креативниот концепт, идејата, свеста или нагонот што не створил нас, всадувајќи ни ја потребата да создаваме креации што ги љубиме.

Љубов е кога го правиме тоа за кое што Бог не створил. Кога љубиме, секое утро во нас воскреснува бижјата сила, што не прави моќни да уживаме во животот. Но кога не љубиме, ние сме умрени исто како Јуда што се обеси затоа што се продаде за кесе сребреници.

Љубов е кога сакаш да биде. Да се љубиш себеси значи да значи да сакаш да бидеш. Но не само да бидеш, туку да бидеш таков каков што ти сакаш да бидеш, да го правиш тоа што ти што сакаш да го правиш.

Љубовта е креативна стихија што те носи во правец на создавање форми што ни ти обаснуваат твојата суштина. Затоа, љубовта секогаш е лична работа и не може да биде објаснета на други за тие да ја разберат.

Велигден

Љубовта е потреба за изразување на својата личност, и затоа таа може постои само како лична потреба, точно така како што таа сака. Љубовта внатре од нас ги љуби нашите креации и им се восхитува. Затоа, ние можеме да се љубиме само ако сме такви какви што сакаме ние да бидеме, но никако и кога сме такви какви што сакаат другите да бидеме. Со други зборови, да љубиш значи да ја љубиш твојата суштина, твојот креативен концепт и да ја задоволуваш потребата за правење на она за коешто си дошол на оваа земја.

Сепак, не пречи ништо да бидеш каков што сакаат другите ако тоа се совпаѓа со тоа што ти го сакаш. Тоа ти дава убава основа за дружење и игри. Но да бидеш тоа што сакаат другите, без ти самиот да сакаш да бидеш тоа, значи само едно: Да се обидуваш другите да ги сакаш, додека себеси се мразиш.

Не можеш да служиш на двајца господари. Или ќе си служиш себеси, и на тој што те сака таков каков што си, или ќе им служиш на другите, а себеси ќе се занемариш, станувајќи Јуда, предавникот, убиецот. И што ќе ти преостане освен да се обесиш? Впрочем, и да не се обесиш, исто ти е. Сеедно си мртов кога служиш на нешто што не ти служи тебе.

 

Нарачај ја книгата АНАТОМИЈА НА МОЌТА

За 190 денари со БЕСПЛАТНА достава!