Чарлс Ханел за размислувањето

Мисли од големи умови

Нашите проблеми настануваат воглавно затоа што идеите ни се конфузни и затоа што ги занемаруваме своите вистински интереси. Законите на природата по кои би требало да се однесуваме тешко е да бидат откриени. Заради тоа, јасното размислување и моралната проникливост неизмерно се вредни. Сите процеси, вклучувајќи ги и мисловните процеси се засновани на цврсти темели.

Колку што се подлабоки чувствата, појасно расудувањето, попрефинет вкусот, колку што се појасни и поодредени моралните чувства и повозвишени се тежненијата, почисти се и поинтензивни наградите коишто ни ги принесува постоењето. Од тука се наметнува заклучокот дека проучувањето на она што во светот се смета за најдобро, донесува врвни задоволства.