Моќта се раѓа од жртвата
Да жртвуваш значи неповратно да размениш. Не плаши се да разменуваш, да заминуваш, да напушташ да препушташ, да остваш. Пуштај сѐ што не ти е од корист, сѐ што не ти помага да напредуваш затоа што сѐ додека не го оставиш тоа што не ти врши работа, во твојот живот нема да се ослободи место за да се појави нешто поубаво.
На жртвата лежи целата филозофија на моќта а тоа е твојата способност глупавоста да ја жртвуваш за интелигенција, сиромаштијата за богатство и болеста за здравјето.
Добро запомни дека моќта постои таму каде што има растење; а каде си видел растење без промени? Промената не може да се појви таму каде што не е ослободено место за таа да се појавиа жртвата го ослободува тоа место. Таа умира за да се појави нешто поубаво. Моќниот човек тоа го знае и затоа постојано жртвува.
Исто така тој знае дека во едно време и на исто место не може да има две нешта; не може да биде и глупав и умен во исто време и богат и сиромав и болен и здрав. Затоа, тој свесно избира и го бира доброто и убавото за себе, не пречејќи им на другите сами за себе да изберат што сакаат.
Нарачајте ја книгата АНАТОМИЈА НА МОЌТА
За 390 денари со БЕСПЛАТНА достава!