Што е омраза?
Омразата е студено чувство на оттуѓеност.
Луѓето вообичаено мислат дека омразата е гнев или желба на некого да му се случи нешто лошо. Но иако омразата често создава злоба, сама по себе омразата не е тоа. Омразата просто е оградата на твојата зона на безбедност што те спречува да комуницираш со надворешниот свет.
Така, на пример, еден човек често може да мисли дека е мудро да се обидува да задржува стари позиции во областа на професијата, семејството или личниот развој, но тоа не е така. Човекот што не напредува дигнал огради на омраза околу себе и сега тие огради не му дозволуваат да влегува во комуникација со луѓето и да создава нови нешта што би го издигнале погоре од позицијата што ја имал до вчера.
Многу луѓе омразата не ја изразуваат преку видливи емоции како што се злобата, гневот, нељубезноста и грубоста. Исто така, многу луѓе омразата не ја насочуваат кон надворешниот свет, туку кон самите себе.
Така, можеш да се сретнеш човек којшто навидум е љубезен и насмеан, но во исто време неговата љубезност може да биде целосно неискрена. Дотолку повеќе, постојат многу луѓе коишто во себе негуваат голем волумен на омраза но тоа успешно го прикриваат под маската на љубезноста.
Ваквите луѓе се опасни за тебе, затоа што човекот што мрази е исплашен човек којшто во себе носи машина за сеење на страв. Кога комуницираш со овој човек, ти всушност комуницираш со машина што знае само да повторува испрограмирани реплики без ни малку способност за свесно препознавање на реалноста.
Ако сакаш да го видиш ова, обиди се да почнеш некој подлабок разговор со неподготвен човек и ќе видиш дека тој ќе почне да одбегнува да зборува за работи што го плашат. Наместо тоа ќе ти кажува готови фрази од типот: Таа политичка партија е добра, таа фирма е лоша или колегата „Х“ сака да ти го земе работното место и да те престигне во напредувањето.
Секако, сите овие фрази се бесмислени и поставени на целосно нестабилни основи. Затоа, кога овој човек ќе го прашаш нешто за коешто неговиот ум нема подготвена фраза што автоматски би ја исфрлил како одговор, тој прво ќе се збуни, пота ќе се обиде да изговори некоја полуготова фраза, и на крајот, ако ти не ја прифатиш таа фраза ќе почне да се лути, па дури и ќе ти се скара.
Набљудувај ја готовноста на луѓето да зборуваат за безначајни работи и нивната одбивност да се занимават со нешто смислено и ќе разбереш што сакам да ти кажам. Просечните луѓе не само што не се занимаваат со нешто смислено, туку не сакаат ниту да зборуваат смислено. Наместо тоа, површно и автоматски си повторуваат научени фрази и комуникацијата со нив завршува тука.
Барањето на смисла бара продлабочено набљудување а тоа на човекот му изгледа страшно и затоа просечниот човек е склон да се занимава со површни работи ограничувајќи ги своите комуникации на безбедни разговори за популарните личности.
Нарачајте ја книгата АНАТОМИЈА НА ЉУБОВТА
За 190 денари со БЕСПЛАТНА достава!