Работи и очекувај напредок и најдобро

Цитати од Кристијан Ларсон

Кога човекот е во состојба на промени добро е да запомни дека секоја промена содржи отворена врата кон нешто подобро. Но ако на умот му биде дозволено да биде конфузен, ние нема да ја забележиме таа врата и така ќе ја загубиме таа вредна можност. Промената обично значи возбуда, поделено внимание и расфрлани сили; затоа, новите нешта се скриени во секоја промена што е откриена. За да може да биде искористена секоја можност што промената ја нуди, умот мора да биде совршено мирен, за да може вниманието да биде фокусирано како рефлектор во темнина, постојано трагајќи по најдоброто што се содржи во новите околности.

Кога човекот ќе навлезе во промената со целосно очекување дека ќе најде отворена врата кон нешто подобро, тој сигурно ќе го пронајде. Умот што го очекува подоброто е буден за подоброто и ќе го препознае подоброто во првиот момент кога тоа ќе се појави во неговото видното поле.

Подсвесниот ум треба да биде трениран да бара и очекува напредок од секоја промена, од секое ново искуство. И кога тоа ќе биде постигнато сите елементи на животот ќе бидат насочени од страна на подсвеста кон каналите на унапредувањето на животот.

Тоа што подсвеста ќе биде истренирана да го прави, таа неизбежно ќе го направи. И со помош на овој закон човекот ќе може да достигне сѐ што се наоѓа во неговиот ум.