За негативните особини

Цитати од Кристијан Ларсон

Ако во вашата околина има нешто што не е во ред, треба да знаете дека спротивното од тоа што го сметате како „не во ред“, го имате како негативен квалитет во вашиот карактер. И ако таа негативност ја претворите во позитивна карактеристика, наворешната негативност ќе почне да исчезнува. Но исчезнувањето нема да се случи заради некоја мистериозна причина, туку затоа што вие сте стекнале моќ да делувате на вашата околина во правец да го исправите погрешното и да го направите правилно.

Да претпоставиме дека вашето семејство живее во сиромаштија. Причината за тоа е дека вашата моќ да делувате компетентно е или негативна или делумно активна. Но ако ја направите оваа моќ позитивна и на тој начин  повеќекратно ја зголемите вашата ефикасност, тоа ќе ја компензира негативната состојба и сирмаштијата ќе исчезне.

Или, да речеме дека можеби вие би сакале да имате пријатели, но сте практично сами. Причината за ова е дека квалитетот на пријателството во вас е негативен. Вие не го привлекувате никого затоа што само позитиноста привлекува.

Ако во вашата околина има нешто што не е во ред, треба да знаете дека спротивното од тоа што го сметате како „не во ред“…

Posted by Valentino Laucoski on Sunday, November 6, 2016