Казанот
Како и да е, гледачот и покрај најдобрата желба, не може со ништо да му помогне на тој што се заробил во проблемот, се додека самиот „заробеник“ не реши да си замине од казанот во кој се вари.
Немојте да мислите дека случајно е речено дека пеколот е казан во кој се вари човекот. Ова е најбуквалното и најточното толкување на несвесноста. Несвесноста е „смртта“ во која луѓето како живи мртовци го поминуваат својот живот, наметнувајќи си себеси севозможни страдања базрани на бескрајни лаги кои одново и одново се повторуваат.
Не е пеколот состојба после смртта. Пеколот е тука на земјата и сите ние повеќе или помалку го лижеме казанот во кој самите се вариме пропорционално на лагите на коишто веруваме.
Нарачајте ја книгата АНАТОМИЈА НА МОЌТА
За 390 денари со БЕСПЛАТНА достава!