Ако си силен никој не може да те загрози
Само силниот може да биде добар, додека слабиот може само да глуми добрина, за во првиот момент кога ќе се исплаши да се претвори во ѓавол што ќе те нападне дури и од зад грб.
Да си силен значи да си способен да се справуваш си предизвиците на животот, а тоа е можно само ако си фокусиран на твојот интерес. Кога ќе имаш интерес, ќе дојде и љубовта и таа ќе ти ги отвори сите врати и ќе ги тргне препреките од твоите патиштата.
Впрочем, милозливоста е карактеристика на силниот, а суровоста е карактеристика на слабиот и исплашениот.
Што значи да сум милозлив?
Да си милозлив значи да имаш разбирање за маките на луѓето и дополнително да не им го отежнуваш и така тешкиот живот.
Треба да разбереш дека најголемиот дел од луѓето живеат тешки животи. На дел од луѓето животот им е тежок од самиот почеток, додека други со непромислени постапки, си ги отежнале животите што добро им започнале.
Така, за многу луѓе, животот не е ништо повеќе од обично малтретирање. Тоа ги прави да грешат, да бидат невнимателни, груби, па дури дури и невоспитани. Обиди се да ги разбереш и да не ги осудуваш заради тоа.
Тоа значи да си милозлив.
Нарачајте ја книгата плати скапо, наплати скапо
За 390 денари со БЕСПЛАТНА достава!