Што значи да го љубиш ближниот свој?
Да го љубиш некого значи да му дозволиш да биде.
Тоа воопшто не значи да му ги исполнуваш желбите, да му помагаш финансиски или на било кој начин да толерираш насилство од негова страна. Да го љубиш некого значи да ја почитуваш неговата појава, неговите идеи со коишто тој дошол на земјата и да избереш дали сакаш да комуницираш со него или не.
За многумина љубовта значи принудна комуникација со луѓе што не им се допаѓаат. Тоа не е љубов, затоа што ако принудно комуницираш со некој што не ти се допаѓа, ти вршиш насилство врз самиот себе, живеејќи во реалност што не ти се допаѓа.
Иако неточно, ова е сосем разбирливо, затоа што разните групи на луѓето постојано им ја наметнуваат потребата за компромис. И така, кога ќе се убедиш во добрината на компромисот, тебе ќе ти остануваат само трпењето на несоодветните околу тебе и фрустрациите што тоа трпење ќе ти ги создаде.
Нарачајте ја книгата АНАТОМИЈА НА ЉУБОВТА
За 190 денари со БЕСПЛАТНА достава!