Моќта се раѓа од жртвата

Анатомија на моќта

Најважаната претпоставка за да бидеш моќен е твојата способност да жртвуваш.

Да жртвуваш значи неповратно да размениш. Не плаши се да разменуваш, да заминуваш, да напушташ да препушташ, да остваш. Пуштај сѐ што не ти е од корист, сѐ што не ти помага да напредуваш затоа што сѐ додека не го оставиш тоа што не ти врши работа, во твојот живот нема да се ослободи место за да се појави нешто поубаво.

На жртвата лежи целата филозофија на моќта а тоа е твојата способност глупавоста да ја жртвуваш за интелигенција, сиромаштијата за богатство и болеста за здравјето.

Добро запомни дека моќта постои таму каде што има растење; а каде си видел растење без промени? Промената не може да се појви таму каде што не е ослободено место за таа да се појавиа жртвата го ослободува тоа место. Таа умира за да се појави нешто поубаво. Моќниот човек тоа го знае и затоа постојано жртвува.

 

Но знај дека моќниот човек е моќен не само затоа што жртвува. И глупавиот жртвува па не е моќен.  Разликата меѓу глупавиот и умниот е во тоа што умниот точно проценува и жртвува помало за поголемо. Исто така, тој никогаш не се труди да измисли формула за тоа како да ги има и јарето и парите, туку ја развива интелигенцијата во правец да научи да проценува кое од нив – јарето или парите во даден момент му се поскапи и соодветно решава да ги размени.

Исто така тој знае дека во едно време и на исто место не може да има две нешта; не може да биде и глупав и умен во исто време и богат и сиромав и болен и здрав. Затоа, тој свесно избира и го бира доброто и убавото за себе, не пречејќи им на другите сами за себе да изберат што сакаат.

Нарачајте ја книгата АНАТОМИЈА НА МОЌТА

За 390 денари со БЕСПЛАТНА достава!