Анатомија на љубовта
390 ден
Љубовта не е тоа што ти кажуваа! Љубовта не боли!
Љубовта не е ниту тажна ниту опасна, туку е извор на сета убавина околу тебе. Научи да ја препознаваш љубовта и ќе научиш како да имаш сé што ќе посакаш во животот!
За да се видиш материјализиран ти треба да се создадеш себеси. Затоа си жив, затоа постоиш. Твоето постоење е плод на твојата љубов и ја претставува твојaта суштина. Слободно можеш да кажеш ти си искреиран од љубовта и затоа, на твоето постоење гледај како на знак на љубов.
Ти си тоа што си – свест што постои за да искусува живот, а тоа е можно само ако се опредметиш во некаква форма.
Формата ја добиваш опредметувајќи се во живо тело што живее во одредени околности во рамките на коишто креира форми. Тој процес на креирање на форми се одвива преку креативната стихија наречена љубов.
Разбери дека материјалниот свет е свет на бранови, во морето викано живот. Ти си дел од тоа море на стихии, и твоето движење е условено од нив, но и самите тие во мала мера се условени од тебе. Ова значи дека постои взаемно помагање меѓу тебе и стихиите на начин што едни со други се храните.
Технички кажано, секое твое движење е условено од некоја стихија или ако повеќе сакаш, од некој бран и тој бран ти овозможува да се движиш кон твојата цел.
Затоа христијанството вели дека Бог е љубов. Со други зборови, целиот универзум е создаден од стихии што постојат за да креираат некаков израз. Во зависност од нивниот израз, луѓето ги поделиле на Бог и ѓавол. Ова е така затоа што светот во којшто живееш има дуална природа и сите работи постојат во нивната спротивставеност.
За тебе, како на човек од овој дуален свет е доволно да разбереш дека љубовта е Бог, а стравот е ѓавол и тоа е се што на оваа етапа на твојот развој треба да го разбереш. Тоа ќе ти овозможи да ги разликуваш стихиите и да бидеш ослободен од стегите во коишто живеат повеќето луѓе.
Опис
Опис
Анатомија на љубовта
Љубовта не е тоа што ти кажуваа!
Љубовта не боли!
Љубовта не е ниту тажна ниту опасна, туку е извор на сета убавина околу тебе. Научи да ја препознаваш љубовта и ќе научиш како да имаш сé што ќе посакаш во животот!
Драг читателе, ова е книга што ќе те шокира со својата искреност!
Во книгата Анатомија на љубовта се поместени дел од раговорите што ги водев со моите деца минатиов период на тема љубов.
Напишани се така како што се правени, со минимални дотерувања од естеска природа.
Се надевам дека читајќи ги следните страници и ти ќе уживаш исто како и јас додека ја пишуав оваа книга.
Твојот,
Валентино
Кликни тука за да прочиташ повеќе извадоци од книгата
Љубовта е нагон да се изразиш.
Да се изразиш значи да се видиш материјализиран или со други зборови да постоиш.
За да се видиш материјализиран ти треба да се искреираш себеси. Затоа си жив, затоа постоиш. Твоето постоење е плод на твојата љубов и ја претставува твојaта суштина. Слободно можеш да кажеш ти си искреиран од љубовта и затоа, на твоето постоење гледај како на знак на љубов.
Зошто би ми било потребно да се искреирам себеси?
За да се видиш.
Ти си тоа што си – свест што постои за да искусува живот, а тоа е можно само ако се опредметиш во некаква форма.
Формата ја добиваш опредметувајќи се во живо тело што живее во одредени околности во рамките на коишто креира форми. Тој процес на креирање на форми се одвива преку креативната стихија наречена љубов.
Што е тоа стихија?
Стихија е нагон или голема сила што те придвижува кон некоја цел.
Замисли си дека пливаш во разбранувано море, а стихијата представи си ја како морски бран што те носи. Почувствувај ја силата на бранот и разбери го како сила што те преместува од една позиција на друга. Љубовта е точно тоа – стихија што те носи и те тера да креираш нешто убаво.
Постојат убави и грди стихии. Убавите се љубовни стихии и тие креираат убавина а грдите се стихиите на стравот и тие креираат грдотија. Во твоето постоење, ти постојано искусуваш убавина и грдотија, а квалитетот на твојот живот е определен од тоа до кој степен искусуваш убавина на сметка на грдотијата. За подобра ориентација ти предлагам на убавината и на љубовта да гледаш како на сестри коишто секаде одат заедно. Нема љубов без убавина и нема убавина без љубов.
Истото важи и за грдотијата и стравот. И тие се сестри и како и претходните, одат рака под рака заедно и ти стојат на твое располагање да ги користиш ако сметаш за потребно.
Кога ќе го разбереш овој принцип, ќе научиш да ја разликуваш љубовта од нејзините фалсификати.