Анатомија на моќта
390 ден
Вистинската моќ не ја добиваш од човек или од група луѓе, иако понекогаш така изгледа.
Вистинската моќ е дар од Бога што ти служи да ги остваруваш твоите љубовни цели.
Љубовта секогаш вели „можеш“!
Љубовта е потписот на Бога. Љубовта е гласот на свеста и тој секогаш ја кажува вистината за твојата природа.
Љубовта познава што сакаш и што ти треба и ти дава зеленото светло да постигнеш сè што сакаш, затоа што кога ѝ служиш на љубовта, ти му служиш на Бога.
Да жртвуваш значи неповратно да размениш. Не плаши се да разменуваш, да заминуваш, да напушташ, да препушташ, да оставаш. Пуштај сè што не ти е од корист, сè што не ти помага да напредуваш, затоа што сè додека не го оставиш тоа што не ти врши работа, во твојот живот нема да се ослободи место за да се појави нешто поубаво.
Нема на залиха