Среќен си само ако имаш смисла

Плати скапо - наплати скапо

Среќен си само ако имаш смисла

Среќата е директно поврзана со смислата и таа е сигнал дека се движиш кон нешто подобро или поубаво од тоа што го имаш во моментот.

Замисли си дека се качуваш по некој рид. Кога ќе стигнеш на врвот од ридот, ти си радосен дека си го освоил. Сѐ додека не се искачиш на ридот ти не си свесен дека можеш да освојуваш ридови.

Радоста е свест за стекната моќ, но за да ја стекнеш таа свест ти мораш да се искачиш на ридот. Среќата пак е тука да те охрабрува, да ти ја подгрева надежта и да ти дава знаци дека патот по којшто се движиш е добар и те води кон напредок и убавина.

Доброто.

Гледаш, суштината и мерката на доброто е напредокот. Добро е тоа што е напредно, а лошо е тоа што е назадно. Доброто и напредното се основа на љубовта а љубовта создава убавина.

Овие нешта се единствените ориентири што можат да ти го покажат патот кон убавиот живот.

Замисли си како би изгледал животот без ридови на коишто би се качувал. Замисли ги сите патишта како удолници и ќе видиш дека нема ништо полесно од тоа да се движиш надолу затоа што удолницата сама те носи.

Но удолницата не може да ти донесе радост затоа што таа од тебе не бара да направиш никаков дополнителен напор што ќе ти донесе напредок. Запомни дека овој свет е еволуирачки свет на акции. Тоа значи дека секоја акција што ја правиш, треба да создаде еволуција во твојата свест што потоа ќе создаде соодветна поубава реалност за тебе и за твојата околина.

Нарачајте ја книгата плати скапо, наплати скапо

За 390 денари со БЕСПЛАТНА достава!