Елементите на здравиот разум се критичкото мислење и способностите за разликување на доброто од лошото и избирање на доброто и отфрлање на лошото. Во тоа е целата филозофија на животот. Или е човекот здрав и прифаќа и прави добри работи, или е болен и прифаќа и прави лоши работи.

Здраво расудување имаме кога сме способни да проценуваме кои постапки ни помагаат, а кои ни одмагаат во зголемувањето на нашиот личен простор.
Здравото расудување на единката е најголемиот непријател на индустриските мрежи. Мрежата сака човекот да биде послушен и автоматизиран, а секое здраво расудување е проблематично затоа што не е автоматизирано и како такво ја дестабилизира структурата на мрежата и нејзините планови за производство и потошувачка. Секоја индустрија има поставено планови, вработено луѓе и ангажирано ресурси за производство што не смеат да стојат во место затоа што стоењето значи директна финансиска штета.
Во ситуација во која луѓето не можат да бидат контролирани, производниот процес може да трпи сериозни пазарни удари. Со други зборови, ако некоја фабрика произведува конзервиран грав, таа прво проектирала капацитети за производство, а потоа создала врски за продажби на тоа производство. Ако луѓето одеднаш решат самите дома да си варат грав, фабриките за варен грав можат да пропаднат.

Нарачајте ја книгата Тоа што психијатрите не ви го кажуваат

За 390 денари со БЕСПЛАТНА достава!

Анатомија на љубовта - Валентино Лауцоски