Правилната комуникација
Неопходната компонента на игрите е меѓусебната комуникација, што значи постојана размена на идеи и разгледување на резултатите од заедничките креации. Креациите некогаш се посакувани, некогаш не се толку посакувани. Истото важи и за комуникациите. Меѓутоа, секоја состојба, секоја креирана реалност мора да биде комуницирана, разгледана и разрешена. А кога секоја состојба ќе биде разрешена, тоа значи дека партнерите се слободни да продолжат да ја креираат или да започнат нова креација.
Потребата за набљудување, комуникација и разрешување настанува од момент во момент, секој ден, постојано, цел живот. Затоа впрочем и служи животот. Така, партнерите што ја совладале уметноста на комуникацијата не задржуваат ништо во себе, туку постојано разменуваат што и да е, и тие се среќни. Не е важно дали е добро или лошо, важно е да се комуницира, да се дава израз на тоа што е.
Изразувањето е основата на среќата. Кога човекот ќе ги изрази своите чувства, тој се ослободува од нивниот товар, и станува способен да се движи кон повисоки цели.
Нарачајте ја книгата ДОКТОР СЕКС
За 190 денари со БЕСПЛАТНА достава!