1. ИДЕНТИТЕТИТЕ

ПО ВЕРАТА ЌЕ ВИ СЕ ДАДЕ

ШТО Е ВЕРА?

Вера е збор од сите идентитети што ги имаме.

ШТО Е ИДЕНТИТЕТ?

Идентитетот е лик кој индивидуата го игра во играта на животот. Една индивидуа секогаш има илјадници идентитети кои ги „облекува“ во различни прилики.

На пример: Професионален идентитет е идентитетот што го зема еден лик додека ја извршува професијата. Семејните идентитети се: Идентитет на син, ќерка, сопруг, сопруга, родител итн. Родителски идентитет е идентитетот кој го превзема додека ги воспитува децата. Потоа има социјални идентитети како што се на пример идентитет на сосед има кога влегува во односи со соседите. Човекот превзема идентитет на купувач има кога нешто купува, а идентитет на продавач кога нешто продава.

Потоа, кога личноста учествува во сообраќајот може да има идентитет на возач, пешак, велосипедист, патник во автобус, воз, брод итн. Само во оваа област има бројни идентитети, да не зборуваме за сите области од животот.

ИДЕНТИТЕТОТ РАБОТИ АВТОМАТСКИ

Идентитетот е како машина, лик што постапува во склад со надворешните дразби. Инсталиран е во автоматскиот животински ум кој не размислува, туку само постапува како што научил. Научил значи извежбал или се навикнал.

Кога идентитетот постаоува од нас, ние имаме впечаток дека мислиме дека постапуваме свесно, но тоа не е точно. Нашето тело е само марионета водена од конците на идентитетот.

ДОБЛЕСТИ И ПОРОЦИ

Сие пороци и доблести се идентитети. Човекот може да е добар и доблесен, а тоа е затоа што во него живеат добри идентитети. За разлика од него, порочниот човек е лош човек затоа што во него живеат лоши идентитети.

Лошите идентитети се лоши затоа што постапуваат така што човекот „послушувајќи ги“ оди против себе си, односно против својата лична територија и лична моќ. Со други зборови таквите идентитети му создаваат загуби на корисникот.

ОБЛЕКУВАЊЕТО ИДЕНТИТЕТ

За било што да направиме потребно ни е да „облечеме некој идентитет.“ Облекувањето на идентитет значи превземање на некоја улога. Исто како и во театарот, за личноста да игра некоја улога, треба прво да ја научи истата. Кога ќе ја научи улогата, ќе се смета дека личноста поседува идентитет кој ќе го користи по потреба.

СОСТАВНИ ДЕЛОВИ НА ИДЕНТИТЕТОТ

Идентитетот се состои од

  • Убедувања
  • Научени однесувања,
  • Вештини
  • Способности

Едно убедување може да постои само ако личноста поседува или не поседува научени однесувања, вештини и способности да делува во одредена насока. Научените однесувања, вештини и способности се викаат квалификации.

СЛАБИ И СИЛНИ ИДЕНТИТЕТИ

Слаби идентитети се идентитетите за кои не се потребни особени квалификации. Силни идентитети се тие за кои човекот треба да поседува високи квалификации.

На пример: за поседување на идентитетит на лекар, инженер, генерал на армија, нуклеарен или ракетен физичар потребен е интензивен и долг тренинг кој постојано треба да биде надградуван во текот на целиот живот.

Примери за слаби идентитети се: Неквалификуван работник, невработен, безделник кој сурфа на интернет, мрзелив вработен итн.

СУШТИНАТА Е ВО ОБРАЗОВАНИЕТО И ВОСПИТУВАЊЕТО

За разлика од силните идентитети за кои треба квалификација, за слабите идентитети не треба квалификација. За човек да биде груб родител кој го малтретира семејството, или токсичен колега на работа, не треба воспитување. Затоа пак, за една личност да биде културна и пријатна, вешта на работа, добра со брачниот партнер и со децата, личноста треба да биде добро воспитана и образована.

ОБРАЗОВАНИЕТО И ВОСПИТУВАЊЕТО ЈА ФОРМИРААТ ЛИЧНОСТА

Образованието се вика образование затоа што ја формира личноста. Истото важи и за воспитувањето. Како образованието, така и воспитувањето на личноста ѝ ги формираат идентитетите со кои таа потоа настапува во животот.

Образованието и воспитувањето се процеси кои се протегнуваат низ целиот живот. Прво, детето го образоваат и воспитуваат родителите и околината, потоа, зрелиот човек се образува и се воспитува самиот. Затоа се вели:

  • Животот е училиште и
  • Човек учи цел живот
  1. ИМАЊЕ – НЕМАЊЕ

Имањето или немањето зависат од улогата што човекот ја игра во играта на животот. Улогата подразбира средства како што се движен и недвижен имот, облека исто како во театарските претстави.

Библиската изјава: По верата ќе ви се даде, е сосем точна. Секој, според своето убедување добива или губи одредени ресурси. Ресурсите се мисли, тело, здравје, способности, партнери, движен и недвижен имот итн.

СЕКОЈ САКА ДА ИМА УБАВИ РАБОТИ

Вистина е дека секој сака да има убави и скапи работи. Исто така, секој сака да има семејство, пријатели, социјален круг во којшто ќе се движи, куќа, стан итн, но не секој може да си ги дозволи.

Разликата меѓу тие што можат да си ги дозволат и тие што не можат, е во вистината во којашто веруваат. Вистинската вистина е изобилството, здравјети и сите благодети кој Бог може да им ги даде на луѓето. Лажната вистина е бедата, болеста и сѐ друго непосакувано од луѓето.

Но Библијата е децидна. Никој нема тоа што не верува. Секој има тоа што верува дека го има.

ПРАШАЊЕТО КАКО ДА СЕ ИМА?

Со фокусирана мисла кон тоа што го сакаме и со вежбање на идентитет (улога) тоа да го имаме.

Секој идентитет трга од мисла, од желба, а потоа се вежба. На пример: Пред извесно време гледав како една млада девојка во Америка на улица пред камера ја прашуваат што сака да биде во животот. Таа како од топ одговори: Сопственик на дом. Таа не се занесуваше со приказни за високи цели од типот: Сакам да станам космпнаут, манекенка, актерка или балерина. Не, таа сака да поседува дом. Толку.

ЗОШТО НЕКОИ НЕМААТ

Немаат затоа што не посакуваат правилни работи и не вежбаат имање. Правилно е да се посака посед, имот, средства, добри емоции, добри социјални врски, здраво семејство, здрави деца.

Неправилно е да се посакува бесмислено губење време на бесконечна забава со пријатели, со гледање телевизија телевизија, клипови и реклами на мобилните телефони. Луѓето кои немаат друга идеја освен овие си го губат драгоценото време што инаку би го искористиле на креатвини активности што ќе им донесат реални поседи.

Не е посед гледањето в телефон исто како што не е посед бесмисленото шетање по светот и трошењето пари. Реалните поседи се тие што носат лична моќ и ја зголемуваат личната територија.

  1. ЈАКОСТ – СЛАБОСТ

Колкуе човек појак, толку подобро. Јачина значи отпорност на надворешни влијанија. Јакиот човек е како благородниот метал кој иако е изложен на надворешни влијанија не се поддава на корозија и не се менува.

Јакиот човек си оди по патот и не обрнува внимание на тоа што другите му сугерираат затоа што знае дека никој не сугерира ништо добро. Тој знае дека кога некој нешто му зборува, тоа некој идентитет – автомат од него изговара реченици на база на тоа што перцепирал.

Ако перцепциите се точни, и ако во тој што зборува има правилни идентитети може да се врзе крај со крај на тоа што го кажува. Ако не, разговорт е напразен.

НИКОЈ НЕ Е СЕРИОЗЕН

Сериозен значи самоконтролиран. Самоконтролиран значи ги контролира идентитетите и не им дава да реагираат пред тој да процени дали е добро да реагира или не.

Таквите луѓе отсекогаш, а особено денес се толку ретки што може да се рече дека не постојат. Затоа, ничија изјава не треба да се разбира сериозно, туку како песна што денес некој ја пее, а утре не. Денес една песна, утре друга. И ништо не треба да нѐ изненади.

ДЕПРЕСИЈА И МИЗЕРИЈА

Слабиот човек е полн со надворешно насадени идентитети. Тие идентитети се борат за превласт во него и го влечат како крпа де на една, де на друга страна. Тоа е крајно непријатно и човекот кој го трпи тоа паѓа во длабок очај и во депресија.

МИЗЕРИЈАТА ОБОЖАВА ДРУШТВО

Здрав човек може да се зарази со туѓа мизерија ако верува во тоа што ќе му го кажат другите. Туѓата мизерија е заразна и мизерниот човек нема право да зборува. Ако му дадеме право да ни зборува, мизерниот човек ќе направи сѐ за да нѐ убеди во реалноста на неговата мизерија.

Негативната реалност е позаразна од позитивната затоа што за човек да биде мизерен не мора ништо да прави. Ништоправењето е полесно од трудењето и ништоправачот со ништоправење се стекнува со слабост и станува подложен на надворешна корозија.

  1. ПРОБЛЕМ

Постоењето на проблем е состојба на отсуство на идентитет на личноста кој извршува одредена задача.

На пример: Човекот кој не знае како да смени тркало на автомобилот има проблем ако му се дупне гумата. Проблемот прави тој да не може да земе идентитет на човек кој сменувач на тркала на автомобил.

Проблемот може да биде решен на два начина:

  1. Да научи да сменува тркала на автомобилот
  2. Да ангажира (и да плати) некој друг да му го смени тркалото кога има потреба за тоа.

РЕШЕНИЕТО НА СИТЕ ПРОБЛЕМИ

Од ова се гледа дека решението на сите проблеми лежи во стекнувањето на идентитет потребен да го реши проблемот или идентитет на тој што плаќа да му биде решен проблемот.

Има два вида проблеми: Проблеми што другите можат да ги решат за нас и проблеми што не можат другите да ги решат за нас.

На пример: Некој може да ни соѕида куќа, да ни изработи мебел или да ни смени тркало на автомобилот, а ние да му платиме за тоа. Можеме да купиме храна кој некој друг ја произвел па ја продава.

Но голем дел од проблемите не се решаваат со плаќање на некој друг и тоа се вообичаено проблемите што најмногу нѐ мачат.

На пример: Не можеме на друг да му платиме да биде добар родител, сопруг или пријател наместо нас. Не можеме да платиме на друг да имаме витко и здраво тело. И за едното и за другото треба самите да се воспитаме себе си да се однесуваме добро или да јадеме и да спортуваме правилно.

УЧИ, ВЕЖБАЈ, ПРОБАЈ ДАЛИ РАБОТИ, НАБЉУДУВАЈ, ПОКАЈ СЕ

Циклусот на учење е овој: Учи теоретски, вежбај практично, пробај дали работи наученото работи во реалноста, потоа, набљудувај ги резултатите и потоа покај се за грешките.

Човекот греши. Тој мора да греши затоа што учи. Не е страшно да се згреши, само човек треба да се покае и да ја исправи грешката. Кога ќе ја исправи грешката, ќе извежба подобро, и тогаш проблемот ќе го снема.

Отсуството на проблем во одредена област од животот значи дека човекот ја разбрал вистината за таа област. Библијата вели: Вистината ќе ве ослободи. Проблемот е вид на ропство. Решението на проблемот лежи во стекнувањето вештина, а со тоа и разбирање на вистината во таа област на реалноста.

ДУАЛНОСТА

За човекот да стекне вештини и идентитети а со тоа и да ја разбере вистината треба да учестувува во играта на животот. Играта на животот подразбира земање на улога на добар или лош, црн или бел, агресор или нападнат и така цел век.

На овој свет нема и не може да има мир затоа што не е направен за тоа. Направен е како игралиште на кое луѓето ќе учат вештини.

ВО ИГРАТА НА ЖИВОТОТ СЀ Е ДОЗВОЛЕНО

Библијата вели: „Сѐ ви е дозволено, но не ви е сѐ од корист.“ Затоа, секој за себе си определува што ќе прави и како ќе прави. Во склад со тоа што го прави, ќе жнее соодветни резултати.

Резултатите што носат корист се резултат на добрите постапки. Користа е мерка на доброто. Добриот сејач посеал добро семе и ожнеал многу жито па може мирно да ја помине зимата и да си го храни семејството. Тоа е сета мудрост.

ДОБАР ИЛИ ЛОШ?

Во суштина, мерката со која се мери дали некој постапил добро е дали му се намалиле проблемите или дали научил нешто ново што го приближило до вистината.

Вистината е свест за законите на универзумот. Човекот кој ќе научи некоја вистина, стекнал знаење за тоа како „работат“ работите во универзумот и тоа знаење правилно го користи.

Ковачот е „мастер“ или господар на својот занает. Тој ја научил вистината за тоа како се кова железо и како се прават производи од железо. Истото важи и за добриот сопруг, пријател, родител итн. Да си добар во нешто значи да си ја научил вистината за тоа нешто.

ИГРИ БЕЗ ГРАНИЦИ

Во осудесеттите години на минатиот век имаше една многу популарна ТВ емисија што се викаше „Игри без граници“. Во таа емеисија екипи од десетина европски држави се натпреваруваа во различни интересно смислени игри во кои учесниците носеа на себе огромни смешни костими.

Суштината на секоја игра беше во тоа да се стигне прв на целта, додека другите му пречат во тоа. Имено, секоја екипа имаше натпреварувачи кои се движат кон целта, и натпреварувачи кои им пречат на другте да стигнат до целта.

Истото е во животната игра.

Ние треба да стигнеме на некоја цел, но за беља сѐ ќе се најде некој да ни пречи во тоа. Во текот на таа игра, ние стекнуваме вештини како да ги одбиеме противниците и да стигнеме на целта. Истото е и со американсиот фудбал. Некој ќе ја грабне топката и трча кон целта, но многумина му се фрлаат в нозе да му ја земат топката.

НЕПРИЈАТЕЛИТЕ

Секој проблем исчезнува кога ќе дојдеме на одредено ниво на знаење. Знаењето го отклонува проблемот и тие што ни пречат си заминуваат затоа што си ја завршиле работата.

Илузија е дека постојат реални непријатели. Исто како и во спортската игра, непријателите се тука само за да постои играта. Колку и сериозно да изгледаат непријателите, тие мора така да изгледаат затоа што ако не излгедаат така играта нема да биде интересна.

ЉУБИ ГО НЕПРИЈАТЕЛОТ

Библијата вели да се љубат непријателите. Ова значи да разбереме дека тој што ни се гледа како непријател всушност е дел од нас проектиран пред нас, само за да научиме нешто преку интеракцијата со него. Кога ќе го научиме тоа што треба да го научиме, ние ќе разбереме дека непријателот е само илузија со која си играме за преку играта да стигнеме до некоја вистина и да станеме посилни.

Децата порано си играа каубојци и индијанци, партизани и германци итн. Тие се делеа на две групи за да си направат игра. Да погледнеме една мачка со мали мачиња. Мачињата се борат едно со друго не затоа што се неќат, туку за да вежбаат вештини.

Ако нема противник нема како да се вежбаат вештините, нема како да се стекнуваат повисоки идентитети, нема како да се откриваме себе си.

  1. ИГРИТЕ

Во играта на животот има две страни. Ние и противниците. Играта е само една: Ние сакаме да дојдеме до имот, противникот ни пречи во тоа. Ни пречи за тој наместо нас да се стекне со имот. Исто како и кај фудбалот, кој ќе добие повеќе поени, тој е победникот во играта.

СИТЕ СРЕДСТВА СЕ ДОЗВОЛЕНИ

Средствата употребени во игрите зависат од тоа со кого или против кого играме. Ако играме со добри луѓе, тие ќе ни бидат сојузници и нема да ни пречат, но сепак, ќе се најде некој да пречи, а ние или сами или заедно со соузниците ќе треба да го победиме тој што пречи.

Тој што пречи се нарекува „лошиот“ и во зависност од тоа колку е лош, тој ќе се бори со сите средства притив нас. Ако е малку лош, ќе поткраднува, ќе подлажува или ќе биде груб. Ако е многу лош, може и да не убие, исто како во видео игрите.

НЕМА РААТ

Да запомниме: На овој свет нема мир. Сѐ некој ќе се најде да не јаде, да нѐ ремети и да ни пречи. Колку побрзо се соочиме со овој факт, толку посреќни ќе бидеме.

Сѐ што не ремети, ни пречи, нѐ дразни, нѐ нервира итн. го прави тоа затоа што ние сме слаби. Во моментот кога ќе поверуваме во вистината, односно ќе извежбаме силен идентитет, елементот што не дразни ќе исчезне. И да го бараме ќе го нема.

Сепак, после некое време ќе се најде друг. Исто како кај видео игрите, кога едно ниво ќе го поминеме, играта ќе не однесе на друго ниво, а ние ќе добиеме нови противници, поспособни од тие што биле до тогаш.

Ако не е вака, ќе ни биде здодевно. Животот без игра нема смисла. Животот е ограничен во многу работи а особено со време. Ако немаме валидни противници, ние само си губиме време, не растеме, не се ближиме до некоја вистина и затоа ни е здодевно.

КАКО ДА ИГРАМЕ?

Прво, ќе внимаваме да си ги избираме соиграчите и противниците. Нема да се фаќаме со многу злобни противници. Нив ќе ги одбегнуваме. Второ, ќе си најдеме силни сојузници, некои добри, како нас. Нели, ние сме добрите. Секогаш, секој се мисли за добар.

Потоа, ќе вежабме вештини, ќе влегуваме во интеракција со противниците и ќе гледаме да победиме во играта.

ПОБЕДАТА

Знаеме дека сме победиле кога сме си ја оствариле целта. Сме загубиле кога противникот си ја остварил целта. Толку е просто.

Целта е промена на реалноста, односно некоја идеја што сме ја имале, ни станала реалност. Тоа е победа.

Ако некој од надвор ни наметне негова реалност, ние сме изгубиле.

ЗОШТО СЕ ЛУЃЕТО НЕСРЕЌНИ

Несреќни се затоа што губат. Негативните емоции секогаш значат загуба. Или човек губи нешто што го има, или не успева да го стекне тоа што сака да го добие. Одговорноста за загубата или добивката секогаш лежи врз него. Секој ова го знае и затоа, колку и да се буни, да протестира или да плаче, длабоко во себе знае дека е одговорен за тоа што го добил како реалност.

ПОЕНИТЕ

Успесите во животот се бележат со поени. Поените се радоста. Колку повеќе сме освоиле поени, толку повеќе се радуваме. Никакви материјални придобивки не можат да ја надоместат радоста, затоа што има луѓе кои имаат многу пари, но само тоа го имаат.

Тие можеби ја разбрале вистината за парите и чесно ги стекнале, но потоа не преминале на друго ниво во играта на животот и затоа ги гледаме како се шуткаат наоколу несреќни и тажни. Тоа се бесцелни луѓе.

Исто како и во други игри, во играта на животот поените се добиваат и се губат.

  1. ДОБИВКАТА

Како и кај сите игри, и во играта на животот има добивка. Добивката се мери со идентитетот што сме го посакале и сме го освоиле. Идентитете се паралела на медалите во спортските игри.

На пример: Сме сакале да бидеме сопственици на дом. Сме станале. Тоа е голема радост и голема придобивка.

Во играта на животот противниците ни пречеле да стекнеме дом, но ние сме ги надмудриле, односно сме излегле поумни од нив. Тие се поразени и затоа ние триумфираме и се радуваме.

Ние најмногу се радуваме во два случаи:

  1. Кога некој нема да успее да не излаже
  2. Кога нема да успее да нѐ украде

Сите други ситуации во коишто сме поразени се форми на овие две, но суштински тоа е тоа. И кога ќе нѐ ухраде некој и кога ќе нѐ излаже, ние сме излегле поглупави од него и затоа сме тажни. Никој неќе да излезе глупав.

Колку поголема лага ќе купиме, толку поголема штета ќе претрпиме. Кога некој нѐ лаже, тој ни прави штета исто како и да нѐ краде и затоа сме несреќни.

Ако сакаме да бидеме среќни, треба да се обезбедиме од кражба и да не им веурваме на луѓето затоа што вообичаено подлажуваат а најлошите од нив лажат многу, мамат на големо и крадат масивно.

КОНЦЕНТРАЦИЈАТА

Целата суштина на успехот е во концентрацијата на вниманието врз целта. Концентрираното внимание, комбинирано со љуботино набљудување на околината прави да добиеме желба за работа и да си го одработиме патот до целта.

Без работа нема ништо, но работата доаѓа како резултат од нашата фокусираност врз целта. Ако имаме некоја цел, ние постојано треба да си мислиме на неа. Желбата за работа и средствата за постигнување на целта, полека самите ќе се појават. Со работата ќе стекнеме способности да го ракуваме идентитетот што го посакуваме.

ОДВЛЕКУВАЊЕТО ВНИМАНИЕ

Веќе спомнав дека во емисијата „игри без граници“ задачата на противничката екипа беше да го одлекува вниманието на екипата којашто игра за да освои поени. Така е ви животот. Едни играат, други им пречат, со тоа што им гго одвлекуваат вниманието.

Во модерниот свет имаме индивидуи и колективи или фирми и корпорации. Целта на индивидуата е секогаш спротивна со целта на корпорацијата. Корпорацијата сака да ги натера индивидуите да работат за неа и да ги потрошат сите пари на производи за лична потрошувачка за индивидуата да не може да стекне личен капитал за да излезе од корпорацијата и да си отвори самостоен бизнис.

Затоа постојано ја стрви со реклами за производи, за патувања и за други сулуги со реклами, ја плаши со катастрофи итн. Од век е вака. Човекот  постојано е заплашуван од сите страни, со цел да му биде одвлечено вниманието и да му биде нарушена концентрацијата.

ЧОВЕК НА ЧОВЕКА Е ЧОВЕК

Некој рекол: Човек на човека му е ѕвер. Јас би рекол: Човек на човека му е само човек, почесто противник, поретко сојузник. Но тоа не е причина да се вознемируваме. Треба само спортски или некогаш помалку спортски да се движиме кон нашата зацртана цел и да не му веруваме на никого ништо што ќе ни каже, затоа што не знаме кои му се намерите.

Сведокл сум како и блиски луѓе се лажат мешу себе за ситени поени стату и слично. Сѐ е тоа дел од играта и не треба да нѐ вознемирува или да нѐ прави да се чувстуваме неубаво.

  1. СУШТИНАТА

Суштината на оваа книга е да разбереме дека единственото нешто што ни носи добивка или загуба е нашата вера, односно збирот на идентитети што ги поседуваме. Ако се добри, добиваме, ако се лоши губиме во играта на животот.

Идентитетот е тој што игра. Скапиот фудбалер е скап затоа што знае да игра. Тој ја научил вистината за фудбалот и затоа игра добро, игра скапо и добива многу.

Единственото нешто за коешто играме во играта на животот е идентитетот. Кога добиваме си ја зголемуваме вредноста на нашиот идентитет, а кога губиме, вредноста на нашиот идентитет се намалува.

Врдноста на идентитетот е меркаа на сите поседи што ги имаме, било да се тоа социјални, емотивни или материјални.

ЛАЖЕЊЕТО И КРАДЕЊЕТО

Лажењето и крадењето се форми на насилство.

Кога некој нѐ лаже, или не краде го прави тоа за да ни ја намали вредноста, односно да нѐ натера да прифатиме слаб идентитет по негова желба.

Сите несреќи на човекот извираат од тоа што прифатил наметнат идентитет. Наметнатиот идентитет доаѓа со наметната реланост, наметнати комуникации и со наметнати афинитети (близини).

Човекот кој живее наметнат живот е нбесреќен. Тој не е господар на својот живот, туку негов господар му е тој што му го наметнал идентитетот.

Робот не е роб затоа што умрел од желба да биде роб, туку затоа што некој го убедил дека нема друго за него освен да биде роб. Сите несреќи произлегуваат од тоа.

Никој никого не го убедува во слаб идентитет заради друго, туку затоа што сака овој евтино да му служи, по можност без пари.

ПОНИЖУВАЊЕТО

Човекот кој ќе прифати некој да му наметне идентитет е понижен човек. Целата суштина на понижувањето е во тоа – да прифатиме слаба улога што некој ја смислил за нас и на некој начин нѐ принудил да ј играме, со цел да му служиме евтино или по можност без пари.

Робувањето оди рака од рака со понижувањето. Нема роб кој не е понижен. Прво човекот се понижува, па потоа се поробува. Потоа, робувањето и п онижувањето се хранат едно со друго и човекот полека пропаѓа.

ГОСПОД КАЗНУВА

Човек не смее да се понижува. Ако послуша друг, ако трпи штета, Господ кој е во него го казнува со тоа што се трга од него и не му го покажува патот. Господ е високата свест во нас. Високата свест се разликува од автоматската животинска свест што ја носиме во телото.

И ако не одиме според оваа висока свест и наместо по неа тргнеме по автоматската и животинска свест, ќе наидеме на проблеми. Проблемите секогаш вклучуваат близина на крадци, лажговци и манипулатори кои ќе не опљачкаат. Ќе не опљачкаат затоа што автоматската свест на којашто сме се потпреле нѐ убедила да ги послушаме, затоа што така ѝ се видело полесно.

Автоматската животинска свест бара лесно, вкусно, меко, нешто што ќе биде пријатно, ако може да мрзелува… Исто како свинчето што си бара топла кал. После Господ да му е на помош на тој кој ќе ѝ поверува на таа „свест“.

Ова е свет на борба не на мир. Мир нема овде. И тој што бара мир, ќе биде поробен од другите и ќе страда. На овој свет борбата е правило, а мирот исклучок.

ЛИЧЕН ИДЕНТИТЕТ

На секој од нас ни треба личен идентитет. Човекот кој ќе развие силен идентитет ќе биде способен да го брани и да го одржува, затоа што ќе види колку е корисно да се има таков. Таквиот нема да им плаќа на другите и затоа нему ќе му останат повеќе пари за идентитетите кои го бараат тоа.

На пример: Куќа се купува со пари. Тој кој сака да биде сопственик на куќа ќе треба да развие способности да ја стекне и да ја одржи таа куќа. Таквиот нема да плаќа наоколу за работи што може да си ги направи сам.

Тој пак кој не обрнал внимание да развива лични идентитети ќе биде присилен да бара помош од другите кои имаат идентитети и ќе си плаќа за помошта и ќе ги расфрла средствата на ситно.