Од каде доаѓа љубовта?
Од твојата потреба да се развиваш.
Секој нагон тргнува од тебе и постои за тебе. Така, љубовниот нагон е импулс којшто настанува како резултат на потребата да си подариш себеси нешто убаво.
Дури и тогаш кога мислиш дека сакаш нешто да дадеш на некој друг, тоа е пак затоа што тоа давање те прави среќен. Ако ти не беше среќен што нештото го даваш на другиот немаше ни да му го дадеш. Кога нешто даваш а не си среќен, тоа значи дека во тој процес отсуствува љубовта . Со други зборови, со сила не можеш да љубиш.
Запомни: Љубовта кон другите е секундарна во однос на љубовта кон тебе самиот. Секундарна значи дека таа произлегува од љубовта што веќе си ја дал на себе. Поинаку кажано, за да можеш да му дадеш некому нешто, прво тоа нешто треба да го имаш за тебе во изобилство, да ти остане, па после и другите да добијат нешто од тоа. Ако не, постојано ќе бидеш во состојба на глад по тоа нешто, и нема да можеш да пуштиш ништо убаво да излезе од тебе.
Но, дури и тогаш кога подаруваш некаква креација на друг човек, за тој да биде способен да ја земе од тебе истата, ќе треба самиот да биде способен да ти даде љубов во замена за неа. Ова значи дека тој што нема љубов што би ти ја дал, нема да биде способен ниту да ја земе љубовта од тебе.
Во суштина, единствената потреба што околината ја има е да ја оставиш самата да се креира себеси за да може и ти да бидеш способен самиот да се изградуваш преку убави работи што ќе ги создаваш.
Како можам да му попречам на некого во љубовта?
Со наметнување, со сугестии, со давање совети, со барања, со принуда, со изнуда, со закана итн.
Сите овие постапки се поставуваат под еден заеднички именител и тој се вика насилство.
Немаш претстава до кој степен луѓето вршат насилство едни врз други без да знаат што прават. И не само тоа, туку тие често пати мислат дека прават нешто којзнае колку добро кога ги принудуваат другите да го прават тоа што тие мислат дека е добро.
И ова човекот го прави убеден во својата љубовност и праведност не знаејќи дека не можеш да му дадеш на некого љубов, затоа што изворот на љубовта не си ти, туку твојот Бог што љубовта ти ја дал за да можеш да се создаваш и менуваш себеси, а не другите.
Разбери дека секој човек во себе носи креативна сила еднаква на твојата и му е подарена моќ да решава во кој правец ќе ја насочи. Ако реши да ја насочи во креативна насока, тогаш тој ќе расте и ќе се развива а ако реши да ја насочи во конзервативна насока, ќе се распаѓа и ти тука немаш што да сториш.
Нарачајте ја книгата АНАТОМИЈА НА ЉУБОВТА
За 190 денари со БЕСПЛАТНА достава!