Ехо
Момчето се налутило дека некој постојано повторува по него и решило да го навреди: – Страшливец!
И одговорот бил: – Страшливец!
Тогаш момчето го прашало татко му: – Тато што е работата?
Таткото се насмевнал и му рекол: – Сега синко слушај. – Потоа извикал: – Ти си шампион!
И гласот одговорил: – Ти си шампион!
Момчето се изненадило, но сеуште ништо не разбрало.
Таткото му објаснил: Ова синко мој, луѓето го нарекуваат ехо, но всушност тоа е животот. Тој ти враќа се што ќе направиш или кажеш. Животот ни е одраз на нашите дејства. Ако сакаш на овој свет да има повеќе љубов, тогаш љуби повеќе. Ако сакаш луѓето од твоето опкружување да знаат повеќе, тогаш самиот ти учи повеќе. Тоа се однесува за се во животот.
Живот секогаш ти го дава она кое што ти си му го дал. Тоа не е случајност, туку одраз на самиот себеси!