Големите камења
Некој професор по природни науки во некој универзитет, сакал да им демонстрира на студентите една теорија.
Тој зел една тегла со широко грло и ставил внатре неколку големи камења.
Потоа го прашал студентите: Дали е полна теглата?, а тие во хор одговориле – да!
Професорот зел една рака помали камења и ги истурил во теглата. Малите камчиња се наместиле помеѓу големите. Повторно ги прашал студентите: – Дали е полна теглата?
Овој пат некои замолчиле, но мнозинството одговориле потврдно.
Тогаш професорот извадил песок, го турил во теглата и прашал по трет пат: – Дали е полна теглата?
Сега повеќето студенти решиле да не одговараат, но останатите одговориле со да.
На крај професорот донел чаша со вода и ја истурил во теглата. Водата се впила во песокот.
Во тој момент професорот прашал:
– Која беше смислата на овој експеримент?
Еден од поумните студенти кренал рака и рекол:
– Без разлика колку цели ќе си поставите во животот, секогаш има место за уште една цел!
Професорот му одговорил:
– Смислата е дека ако не ги ставите први големите камења ,после тие нама како да влезат внатре. Големите камења се важните нешта во вашиот живот: семејството, пријателите, личната реализација во животот… Ако го исполните животот со мали нешта како чакал, песок и вода, нема да ви остане време за суштинските работи.
И така, кои се „големите камења“ во вашиот живот?Да поминете време со децата, родителите, сопругот, сопругата? Да се запишете на семинар или курс, каде што можете да добиете нови информации или можност да се развивате? Да одделите време за да си поставите нови цели или да си го процените досегашниот напредок? Колку големи камења сте успеале да ставите во теглата на вашиот живот? Или сте собрале во него премногу песок и не ви останало воопшто место за камењата?