Морска ѕвезда

Поучни приказни

Многу одамна живеел еден мудар човек кој секое утро се шетал по брегот на океанот, пред да седне да ги пишува своите книги.

Еден ден, додека се шетал по плажата, здогледал човечка фигура која изгледала како да танцува. Тој се насмевнал при помислата за човек кој танцува сам покрај океанот сред бел ден. Го забрзал чекорот за да види каква е таа работа.

Кога се приближил, видел дека фигурата е на млад маж. Тој не танцувал, туку земал нешто од песокот и потоа многу нежно го враќал во водата.

-Добро утро – извикал мудрецот. – Што правиш?

-Младиот човек застанал за миг, го погледнал мудрецот и одговорил:

-Фрлам морски ѕвезди назад во океанот.

-Можеби требаше да те прашам зошто ги фрлаш назад во океанот?

-Сонцето изгрева и почнува осеката. Ако не ги вратам во водата тие ќе умрат.

-Но момче, оваа плажа е многу долга и целата е покриена со морски ѕвезди. Ти ништо не можеш да промениш.

Младиот човек го изслушал учливо, потоа се наведнал, подигнал една морска ѕвезда, ја фрлил во распенетите бранови и рекол:

-За оваа морска ѕвезда веќе направив промена.