Песок и камен

Поучни приказни

Двајца пријатели поминувале низ пустина.

По некое време тие се скарале, и едниот го удрил другиот по лицето. Шлаканицата била болна, но човекот не кажал ниту збор. Место тоа, тој напишал во песокот:

„ДЕНЕС МОЈОТ НАЈДОБАР ПРИЈАТЕЛ МИ УДРИ ШЛАКАНИЦА“.

Потоа продолжиле да одат и стигнале до една оаза. Решиле да одморат и да се освежат малку. Додека се капеле во водата, оној што добил шлаканица почнал да се дави. Пријателот го грабнал брзо и го извадил од водата. Кога се освестил, тој издлабил во камен :

“ДЕНЕС МОЈОТ НАЈДОБАР ПРИЈАТЕЛ МИ ГО СПАСИ ЖИВОТОТ“.

Тогаш другиот го прашал:

-Кога те удрив, ти тоа го запиша на песок, а сега кога те спасив, на камен. Зошто?

А другиот одговорил:

-Ако некој не повреди, најдобро е таа навреда да ја запишеме на песок, за да можат ветровите на прошката да ја избришат. Но ако некој ни направи добро, треба тоа дело да го овековечиме на камен, за да им одолее на поривите на секој ветар.

Научете се болките да ги запишувате на песок, а направената добрина да ја издлабувате во камен.