Секс секој ден
„Јас не сакам секс секој ден, не ми треба. Заморно е и здодевно секој ден да правиш тоа па тоа“. Но исто така, познавам луѓе што тврдат дека со своите партнери имаат секс неколку пати неделно, па дури и секој ден.
Ајде малку да набљудуваме: Зошто некој не би сакал да се дружи и да споделува внимание со партнерот секој ден?
Одговорот е едноставен:
Така, на жената што гледа турска серија наместо да има секс со партнерот, телевизијата ѝ е поинтересна од дружбата со своите блиски. Истото важи и за мажот што во слободното време повеќе сака да талка по обложувалници отколку да биде дома и да креира убав дом, љубовна врска и хармонично семејство.
За разлика од нив, партнерите што своето внимание го имаат фокусирано на себеси и на семејството, сексот им доаѓа природно, од внатре, како потреба да го изразат тоа внимание.
Гледате, навидум сложените прашања имаат прости одговори: Умот создава афинитет со тоа што му е интересно. Така, ако партнерот ти е здодевен, нема ништо понормално од тоа да се свртиш кон телевизорот или да ја „здувнеш“ во најблиската обложувалница.
Но, да градиш и да одржуваш љубов со системи како што се телевизијата, обложувалниците, дискотеките, фудбалските клубови или партиите, е чиста загуба. Сепак, многу несвесни луѓе го прават токму тоа. Од друга страна, има свесни луѓе што си ја гледаат работата и уживаат во своите креации.
Затоа, радоста од сексот, и сè друго во животот доаѓа од свеста, а таа е присутна само до степен до којшто се чува и се негува љубовта.
Нарачајте ја книгата ДОКТОР СЕКС
За 190 денари со БЕСПЛАТНА достава!