Но, што ако другата страна не сака?
Но што ако другата страна не сака?
Нема „друга страна“ во љубовта.
Идејата дека за љубов се потребни двајца е неточна. За љубов е потребен само еден, а тоа си само ти затоа што љубовта е само твоја работа.
Друштвото се појавува дури откако ти, самиот ќе созадеш свест за интерес, ќе станеш заинтересиран и ќе почнеш да зрачиш љубов.
Потоа, ќе се појават уште еден, двајца или повеќе заинтересирани за истото нешто што тебе те интересира но ниту еден од нив нема да биде заинтересиран лично за тебе, туку за тоа што ќе го прави со тебе.
Затоа, погрешно е да мислиш дека си вљубен во некого. Не можеш да се вљубиш во некого, туку можеш да се вљубиш во својата идеја дека сакаш да создадеш љубовна игра.
Разбираш ли колку е ова различно?
Кога мислиш дека си се вљубил во некого, знај дека тоа што се случува е спојување на две индивидуални љубови насочени во правец на иста креација. Таа креација настанува од заедничкиот интерес или идејата дека заедно можете да создадете заедничка љубовна реалност. Затоа, кога луѓето ќе ги загубат заедничките интереси што до тогаш ги имале, се разделуваат, или продолжуваат да живеат бесмислен живот, лишен од љубов.
Ваквите луѓе си мислат дека ја загубиле љубовта што ја имале еден кон друг, но јас ќе ти речам дека тие никогаш и немале љубов еден кон друг. Немаш што да љубиш кај другиот човек затоа што тој е креација што сама себеси се љуби.
Затоа не смееш да бараш некој да се менува по твоја воља.
Желбата да го промениш некого значи потреба да се замешаш во креација што не е твоја и таа желба може да ти донесе само невољи.
Разбери дека љубовта е лична работа. Ако некој сака жолта боја а ти „му помагаш“ тој да ја засака црвената, ти вршиш бесмислен притисок врз него, а притисокот не е љубов.
Впрочем, што имаш ти со неговата љубов? Неговата љубов си е само негова и затоа, секој обид да се наметнеш на некого е осуден на неуспех, и е престап сам по себе.
Љубовта е најличното нешто на светот. Твојот мотив да се наоѓаш тука е прашање на твојата љубов, а не на мојата. Јас и ти разговараме затоа што и двајцата имаме љубов кон овој разговор. Но замисли си што ќе беше ако ти не сакаше да ме слушаш а јас со сила да те терав да ме слушаш?
Нарачајте ја книгата плати скапо, наплати скапо
За 390 денари со БЕСПЛАТНА достава!