Кристијан Ларсон за фокусот
Насочи го секој елемент и сета твоја сила од твојот систем во правец да работат со тебе за смислата што ја имаш. Само кога го прилагаш овој принцип, ти ќе ја развиваш идејата за самопомош и ќе си даваш себеси сè повеќе и повеќе.
Со што и да се зафатиш да правиш ти мораш постојано да ја држиш оваа идеја во твојот ум. За да ги насочиш сите сили и секој елемент од твојот систем да работат со тебе ти мораш да имаш дефинирана животна смисла и таа смисла ти мораш да ја почувствуваш толку многу длабоко што таа ќе стане сеприсутен фактор во твојата свест.
На тој начин, таа смисла до тој степен ќе биде втисната во твојот подсвесен ум, што ти што никогаш нема да мислиш без да мислиш на таа смисла; никогаш нема да посакаш нешто без да посакаш да се реализира таа смисла; никогаш нема да изразиш амбиција без да ѝ ги дадеш на таа смисла целиот живот и моќта на таа амбиција.
Кога било која смисла, желба или амбиција ќе бидат толку длабоки до степен што ќе ги почувствуваш во секој дел на твоето битие тие ќе станат силни до степен што ќе го раздвижат секој атом во твојот систем. Тогаш сите елементи во тебе ќе ја следат линијата на акциите во правец на остварување на таа смисла, желба или амбиција и ќе работат за создавање на објектот што си го фокусирал во твоето внимание.