Вистинската и лажната љубов
Умот е инструмент на животот, и тој не е направен да љуби. Тој, во буквална смисла на зборот, е процесор, којшто човекот го користи за да може да оперира низ материјалниот свет и да опстанува.
За разлика од умот, душата љуби. Наклоноста, афинитетот, прифаќањето и давањето слобода на оној што го љубиме се содржината на љубовните чувства. Ова умот ниту знае да го прави ниту, пак, е направен за тоа .
Од своја страна, пак, умот го лаже човекот на начин што приврзувањето му го прикажува како љубов. А умот, постојано го лаже човекот за непречено да може да си игра и да ги искусува сензациите што ги посакува. И не дај Боже некој да помисли да му ја земе играчката за којашто се приврзал. Веднаш ќе ги викне на помош сите зла на светот за да му ја вратат.
Примери за ова се гневот и омразата, коишто човекот е во состојба да ги развие за некого што до вчера го сакал. Гневот и омразата се создаваат од разочарувањето. Човекот се разочарува секогаш кога некој нема да ги оправда очекувањата што тој ги имал за него. Разочарувањето што трае подолго време прераснува во омраза. Вистинската љубов, онаа што не е дело на умот, ниту знае да очекува, ниту да се разочарува, ниту, пак, знае да мрази. Таа просто љуби, и тоа нема никаква врска со умот.
Омразата и гневот се знак за отсуство на љубов, и треба како такви да бидат препознаени од страна на луѓето. Кога некој има гнев кон нас, кога некој ни поставува рамки за тоа какви треба да бидеме, тој нема љубов за нас. Тоа е само неговото его, коешто сака од нас да направи послушни марионетки, со коишто ќе управува како што си сака.
Нарачајте ја книгата ЛАЖГОТО ЛУЗЕРОТ И ПЕДЕРOT
За 390 денари со БЕСПЛАТНА достава!