Една од „најскокотливите“ идеи на човечкиот ум е идејата за групниот секс. Се чини дека само човекот, од сите живи суштества на земјата, е склон да практикува една ваква сексуална форма. Секако дека оваа идеја е родена од ненаситноста на човечкиот ум за сѐ во светот, вклучувајќи го и бројот на учесници во сексуалната игра.

Има еден мит во врска со групниот секс, а тој гласи дека луѓето можат истовремено да се сакаат и да практикуваат групен секс, или да живеат во „отворена врска“.

За среќа, малкумина ѝ веруваат на оваа приказна на умот. А оние што веруваат во неа си ја практикуваат оваа практика без многу да размислуваат за последиците од неа, се разбира – сѐ додека не дојде ѓаволот по своето. А тој не пропушта да дојде, и кога-тогаш да ја испорача сметката во форма на љубомора, кавги, растурени врски, бракови, семејства и несоодветно потомство.

А вистината, всушност, е дека човекот нема ни телесен, ни емотивен, ни умствен капацитет за да одржува едновремена емотивна врска со повеќе партнери. Оној што тврди дека може интимно да љуби повеќе личности истовремено, всушност, е или лажго или шизофренична личност. Групниот секс и т.н. „отворени врски“ се резултат на алчноста на умот, којшто во својата желба за докажување се обидува да направи нешто што не соодветствува ниту со емотивните, ниту со телесните, ниту, пак, со умствените можности на човекот.

Нарачај ја книгата ЛАЖГОТО ЛУЗЕРОТ И ПЕДЕРOT

За 190 денари со БЕСПЛАТНА достава!