Еве неколку збора за тоа како јас гледам на лошите луѓе.

Не постојат вистински лоши луѓе.

Има само луѓе што животот ги измачил и ги исплашил до степен што решиле да бидат лоши, надевајќи се дека така полесно ќе си поминат во животот.

Исто така, постојат и едни други луѓе, кои не се ниту исплашени, ниту пак доволно измачени од животот, па сепак прават лоши работи само затоа што не се свесни дека со тоа што го прават ги повредуваат другите. Се разбира, тие не се ништо подобри од оние првите.

Јас верувам дека и добрите и лошите луѓе се створени од еден ист дух, и дека сите луѓе длабоко во себе се прекрасни суштества.

Но уште повеќе верувам во тоа дека сите ние сме должни внимателно да си го одбираме друштвото, со кое си играме, и игрите во кои влегуваме.

За доброто на сите.

Моите книги се плод на моето животно искуство и непосредното набљудување на луѓето во чија близина сум живеел и работел.

Сето она што ќе го прочитате во нив, повеќе пати проверено на големото игралиште на животот. Така, учејќи на потешкиот начин, ја изградив (и сеуште ја градам) мојата лична филозофија, што преку моите книги ја споделувам со вас.

Убеден сум дека една филозофија е добра само доколку им помага на луѓето.

Затоа, ќе се радувам ако оваа книга ви помогне да живеете подобро.

Нарачај ја книгата ЛАЖГОТО ЛУЗЕРОТ И ПЕДЕРOT

За 190 денари со БЕСПЛАТНА достава!