Егоистот не знае да дава. Тој не се чувствува како дел од целината и затоа не може да ја разбере како таква. Колку што е поголем јазот помеѓу неговото „јас“ и останатиот свет, дотолку повеќе егоистот се плаши од околината.

За егоистот, како и се друго во животот, љубовта е нешто што може само да биде земено. Тој го сака само оној партнер од којшто има брза и непосредна корист. Тоа е сакање во својата наjперверзна можна форма.
За среќа, егоистите, најчесто, остваруваат врска само со луѓе слични на нив. Нивната врска, наместо заемно давање, претставува бесконечно побарување еден од друг. А тогаш кога нешто ќе дадат, тоа е затоа што пресметале дека тоа давање подоцна ќе им се врати со камата.

Ете, тоа е егоизмот – потполна несвесност за себе и за својата природа. Затоа, несреќите што човекот ги искусува во животот секогаш се правопропорционални со степенот на неговиот егоизам.

Нарачај ја книгата ЛАЖГОТО ЛУЗЕРОТ И ПЕДЕРOT

За 190 денари со БЕСПЛАТНА достава!