Убавиот секс на крајот на денот

Лажгото Лузерот и Педерот

Во принцип, сексот, на крајот од денот, најчесто, е точно онаков каков што бил самиот ден. Партнерите што преку денот убаво комуницирале, ја создавале, одржувале и ја унапредувале својата врска, како резултат на тоа, вечерта, можат да уживаат во убав секс.

Поетски кажано, убавиот секс е вишната на шлагот на крајот од убавиот ден. Но, за да се стави вишна на шлагот, некој треба тој ден да се потруди да измати шлаг, и да го сервира во чаша со овошна салата. Ете, тоа е тајната на убавите врски што долго траат. Партнерите во убавите врски се доволно вредни, во текот на денот, „да ја прават овошната салата“, којашто вечерта ќе ја украсат со убава вишна во форма на добар секс.

Проста вистина е дека се што човекот има е плод на неговите мисли, афинитети и акции во материјалниот универзум. Сексот на партнерите, кои во текот на денот негувале љубовни мисли за другиот, и се труделе да бидат внимателни еден кон друг, на крајот од денот секогаш ќе го има посакуваниот квалитет. На крајот на краевите, сепак треба да бидеме свесни за фактот дека на човекот во овој живот ништо не му се дава на готово, особено не стабилниот брак или убавиот секс.

Убавиот секс, направен со љубов, е најубавото средство за полнење на човекот со енергија. Обидете се само да се сетите на моментот кога сте имале прекрасен секс со партнерот што сте го сакале, и ќе видите дека е ова е навистина така.

Нарачајте ја книгата ЛАЖГОТО ЛУЗЕРОТ И ПЕДЕРOT

За 390 денари со БЕСПЛАТНА достава!