Културниот развод

Лажгото Лузерот и Педерот

Здраворазумниот човек сака здрава врска со здрава партнерка, којшто ќе ја одржува со љубов. Во отсуство на здрава врска, тој прибегнува кон најубавото решение – културниот развод. Кога разводот ќе се оствари, тој е слободен, среќен и готов за нови креации.

Знам дека ова на многумина ќе им личи на шега, но сепак ќе го кажам: ако човекот прави свадба и се весели кога стапува во брак, тој би требало двапати повеќе да се весели кога растура брак со несоодветен партнер. Во спротивно, нешто не е во ред со него.

Се прашувате зошто?

Па, од проста причина што ако некој се веселел додека стапувал во брак со некој што, нели, се покажал како несоодветен за тоа, по некоја логика би требало уште повеќе да се весели кога ќе се раздели од тој партнер. Затоа, кога некој ќе ми каже дека се развел/а, јас искрено се радувам и му/и честитам на изборот.

Разводот е олеснување. Тој дефинитивно е непријатно искуство за двајцата партнери, но е најпрофитабилната инвестиција што можат да ја направат луѓе што се чувствуваат несоодветни еден за друг. Колку побрзо, толку подобро. И уште нешто. Никогаш не е доцна за добар развод. Понекогаш, луѓето се чудат, како тоа, на стари години, луѓето се разведуваат. Јас, пак, велам: и еден ден да ти останал од животот, вреди тој ден да го изживееш во слобода, подалеку од личноста што ти шета по џигерот.

Но, има луѓе на коишто раскинувањето на лошиот брак не им одговара. Тие со сите сили ќе настојуваат да ја одржат нездравата врска, наспроти сите напори за нејзино прекинување што другата страна ќе ги направи.

Категориите на луѓе на коишто разводот на лошиот брак не им одговара се следниве:
– саможивите мажи,
– сопругите – проститутки,
– мазохистите и
– лудите
Понатаму, прочитајте зошто на овие луѓе им одговара лошиот брак и зошто разводот го доживуваат доволно трауматично.

Нарачај ја книгата ЛАЖГОТО ЛУЗЕРОТ И ПЕДЕРOT

За 190 денари со БЕСПЛАТНА достава!