За голем дел од луѓето, кога романтичниот филм ќе заврши, или кога љубовниот роман ќе стигне до среќната завршница, завршува и убавиот секс.Тие се враќаат во реалноста кај незадоволниот партнер, со сите свои неостварени желби и фрустрации.

Каков секс може да има помеѓу фрустрирани партнери можеме само да си замислуваме. Всушност, најчесто можеме да зборуваме за немање секс. Фрустрираните партнери почнуваат да го „проретчуваат“ сексот до незамисливи граници – до неколку пати годишно.  Сум разговарал со десетици жени што при живи сопрузи до нив страдаат од немање секс. Не зборувам за недостиг, туку за буквално непостоење на секс. Го нема!

Додека брачните партнери пред децата и општеството глумат среќен брак, честопати нивниот личен и сексуален живот знае да тоне како древната Атлантида. Познавам една убава и интелигентна жена, која четири години издржа без да има секс со својот сопруг, пред да го испрати по ѓаволите и него и нивниот пропаднат брак.

Нарачај ја книгата ЛАЖГОТО ЛУЗЕРОТ И ПЕДЕРOT

За 190 денари со БЕСПЛАТНА достава!