Еве на што ги учат децата во училиштата:

1. Вистините доаѓаат од авторитетите
2. Интелигенцијата е способност за запомнување и повторување
3. Прецизното помнење и повторување се наградуваат
4. Несогласувањето се казнува
5. Прилагоди се! Интелектуално и социјално

Јас лично не сакав да одам на училиште. Ми беше смртно досадно. Сметам дека никое дете не сака да оди на училиште, освен многу мал процент кој што е занемарлив. Училиштата се бескрајно досадни и натрапливи организации кои што ги малтретираат децата, ги тераат да се досадуваат и ги прилагодуваат за ист таков одвратен живот и после завршувањето на училиштето.

Училиштата се полни со фрустрирани професори кои што понатаму создаваат фрустрирани генерации. Тоа се гледа од денешната состојба на општеството.

Моите деца мразат да одат на училипште, и имаат доблест тоа да го кажат. Никој не е луд да бега од нешто убаво, особено не децата. Децата се многу поумни од возрасните. Секогаш билеи ќе бидат, само заради тоа што системот сеуште ги нема осакатено до степен до кој што му е потребно. Кога еднаш ќе ги осакати колку што му треба, тогаш тие ќе бидат „добри“ и посакувани граѓани.

За добриот и посакуван граѓанин на денешницата петокот е спасение, а понеделникот му е смртен непријател. Тој е таман толку фрустриран колку што му треба на системот. А системот бара фрустрирани единки.

На ниту една влада не и се потребни среќни луѓе, само од една проста причина: Затоа што и на среќните луѓе не им треба влада.

Владата му треба на фрустрираниот човек. Таа му служи за две работи:

1. Тој да се надева дека таа ќе заврши некоја работа што тој самиот треба да ја направи, а е неспособен или најчесто го мрзи

и

2. Кога тоа нормално, нема да се случи, да си најде виновник во ликот на владата за својата сопствена неспособност да се справи со животот, па потоа да фрла со дрвја и камења по неа затоа што е неспособна.

И додека овие несреќници го трошат животот на празни глупости, мал број на способни луѓе си живеат во живот кој што сами го креираат без да почувствуваат потреба да ја викаат владата на помош. За жал, ваквите се малку. Многу малку…

Love you all 🙂