Проклетата курва ми го украде мажот
Жените ги нарекуваат курви другите жени што на нивните мажи ќе им го дадат она што самите тие, од една или друга причина не сакаат да им го дадат. Ова е доста иронично, ако се има предвид дека на мажот, за да побара секс кај друга жена, веројатно нешто му недостасувало кај првата. Нормално, жените, како и сите други луѓе, за својата лична неспособност си бараат оправдување во ликот на новата љубовница на сопругот, па ја нарекуваат со севозможни погрдни зборови.
Додека „чесните“ жени, длабоко убедени во својата исправност, на цел глас ги оцрнуваат таканаречените „курви“, овие „курвиве“ истрајно продолжуваат да ја работат работата што „чесните“ пропуштаат да ја извршат.
Важно е да споменам дека има мажи што се природни курвари и на коишто ниту една жена не може да им биде доволна сама по себе. Во ова поглавје не станува збор за нив. Овде се зборува за нормалните мажи што трпат постојан терор од жените што не се заинтересирани за редовен секс.
Нарачајте ја книгата ЛАЖГОТО ЛУЗЕРОТ И ПЕДЕРOT
За 390 денари со БЕСПЛАТНА достава!