Се прашувам кој од двата феномена, „маминото синче“ или „синот на тато“, предизвикува поголем ужас кај младата женска популација. Оставајќи читателот сам да се реши, само кратко ќе се задржам на феноменот „синот на тато“.

Приказната е тривијална и бескрајно иста во сите случаи. Тато има пари (најчесто многу) и нив со сите сили ги користи за да го онеспособи своето машко чедо. А го онеспособнува многу просто. Го „гнете“ со пари од сите страни, само за да може да ја покаже својата моќ во стилот: „Видете што сѐ можам да му купам на мојот син“.

Овие жални таткини синови, целиот свој живот бесцелно талкаат по градските кафетерии, и по цена на казна за погрешно паркирање, ги паркираат своите модерни автомобили пред бавчите во кои седат. Ова просто не може да биде поинаку, затоа што единствената вредност што овие луѓе ја имаат е автомобилот што тато им го купил. Тие со право се убедени во фактот дека без автомобилот се никој и ништо.

Нарачај ја книгата ЛАЖГОТО ЛУЗЕРОТ И ПЕДЕРOT

За 190 денари со БЕСПЛАТНА достава!