Компромис (дефиниција)

Лажгото Лузерот и Педерот

Компромисот е најцрната творба на човечкиот ум.
Компромис е кога човекот себеси ќе се присили да игра некоја игра што не ја сака или ќе се согласи да биде во близина на некој што не го сака.Творецот на идејата за компромисот е умот, кој на човекот му ја наметнува идејата за трпењето, затоа што смета дека со тоа што ќе истрпи нешто што е против својата волја, човекот ќе извлече некоја корист.

Ве молам, разберете го следново: кога партнерот има некаква цел што сака да ја реализира, и вие го поддржите и му помагате во тоа, без да мислите на користа што ја имате од тоа, тоа е љубов. А кога правите нешто што не сакате, со сметката дека утре можеби ќе профитирате од тоа, или не дај Боже од страв да не го загубите ценетиот примерок од партнер, тоа е веќе компромис.

Има уште еден пострашен компромис, а тоа е кога луѓето трпат некој партнер до себе, поради стравот од осаменоста. Овие луѓе, од пустиот страв да не останат сами, во состојба се дури и деца да изродат со тој човек, без да чувствуваат макар и грам љубов за него.

Компромисот на телесно ниво се споредува со хронична болест. Во принцип, кога организмот е болен, тој или се справува со болеста или подлегнува на болеста и умира. Но кога има хронична болест, тоа значи дека ниту болеста не победила, ниту пак организмот се справил со неа. Ете, тоа е компромисот. Човекот што прави компромиси со себеси поради некакви „повисоки интереси“ живее во хронично болна врска.

А има ли повисок интерес од љубовта?

Нарачај ја книгата ЛАЖГОТО ЛУЗЕРОТ И ПЕДЕРOT

За 190 денари со БЕСПЛАТНА достава!