Човекот и неговата вибрација

Размислувања

Човекот е духовно суштество кое што во материјалниот универзум се манифестира во телесна форма. Телото е неопходната форма за материјализација на духот, овде на земјата. Човекот, условно земено е материјално суштество, и затоа како и сета друга материја има своја вибрација. Фрекфенцијата на вибрацијата на секој човек зависи од неговата состојба на духот.

Овде сакам да го подвлечам следното:

Вибрациите на духот и на телото зависат едни од други. Од една страна, духот, ја пренесува својата вибрација на телото како на негова форма. Од друга страна, телото со своите перцепции и сензации влијае врз вибрацијата на духот.

Луѓето што имаат висока состојба на духот, секогаш имаат добро физичко здравје, кое што потоа се уште повеќе ја балансира состојбата на духот. Затоа впрочем и постои старата римска поговорка „Здрав дух во здраво тело“.`