Сѐ почнува со верување

Размислувања

Верувањето е согласност дека некоја информација е вистинита.

Информацијата може да биде слика, збор или друга перцепција набљудувана во материјалниот универзум.

Без разлика колку илузорно и да е набљудуваното нешто, кога еднаш ќе се согласиме со него, ние почнуваме да веруваме, што практично значи дека во нашиот ум почнала да се создава реалноста што ја претставува идејата во која веруваме.

Верувањето е мајката на верата, а реалноста што ја живееме е слика на нашата вера.

Секоја реалност почнала барем со мало, најмало, колку една ронка големо верување. А во секое неверување, верување, колку и да е тоа мало, се содржи зародишот на верувањето.
Ова конкретно значи дека кога во нешто не веруваме, во нас, во исто време постои потенцијал да поверуваме во тоа. Доволно е само подолго време да му посветуваме внимание, без разлика дали го негираме истото. Секое отфрлање е форма на внимание, што му дава сила на ркулецот на верувањето во таа работа во нашиот ум.

Секогаш кога

1. Разговараме со човек што ни презентира непосакувана реалност,
2. Гледаме слики со непосакувана реалност,
3. Раскажуваме за туѓа реалност што не ја посакуваме…

ние даваме потврда за постоење на непосакуваната реалност и на тој начин создаваме потенцијал еден ден таа да стане и наша.

И иако можеби во моментот не веруваме во негативната реалност што ја набљудуваме, држејќи ја сликата од таа реалност во нашиот ум ние и подаруваме енергија што ја храни таа реалност и ја приближува до нас. И така, колку повеќе ја раскажуваме, набљудуваме, разговараме за неа, коментираме, таа, како банка ги собира единиците внимание што сме и ги подариле и почнува да станува се пореална за нас.

Помислете само на сите работи, луѓе и феномени што ги негирате. Помислете само дали со тоа тие станале помалку реални или подалечни од вас?