Прашањето зошто некој е принц а друг питач, е има два одговори. Сигурен сум дека ги знаете, ама пак ќе ги кажам:

Првиот е:

Животот на човекот е условен од околината во која што се родил, државата и нацијата во која што пораснал. Постои судбина, човекот се родил сиромав, ќе умре сиромав и тоа му е. Колку и да се труди, тој пак ќе си биде тој.

Вториот е:

Животот на човекот е резултат на неговите дела. Тој ќе биде богат или сиромав толку колку што ќе се потруди самиот тој.

Ова се две крајности и затоа, во исто време се и точни и неточни. Вистината, секогаш е некаде помеѓу двете крајности.

А таа е:

Вистина е дека човекот може да се роди сиромав, во некоја отепана од Господ држава. Но исто така, вистина е дека тој може со труд и работа да успее да се усоврши себеси, евентуално да се пресели во друга држава, и во корен да си го смени својот живот.

Оваа вистина е иста со вистината дека човекот може да се роди во богато семејство, во најорганизираната држава на светот, и пак да заврши како наркоман и последен клошар.

Постои и една нестандардна варијанта за богатење, и таа често знае да дава брзи резултати. Се вика занимавање со криминал, но за неа ќе зборувам поопширно понатаму во книгава.