Не постои ниту еден доказ во корист на идејата дека животот е сериозна работа.

И не само животот сам по себе, туку и ниту една работа во животот не е сериозна. Како доказ доволно е само да се запрашаме: Како може да е сериозно нешто што има одреден рок на траење, макар колку и долг да е тој?

Што и да правиме, на крајот сите ќе умреме. А со нас ќе умрат и нашите идеали, добрини, злоби, мани и доблести. Ќе умрат и несериозните и сериозните.

И принцовите и питачите.