Басна за жабата и волот
Си живела едно време, една зелена жаба со црни и жолти дамки. Таа живеела на зелена ливида до една малечка река. Си играла меѓу камењата, си прескокнувала од едниот до другиот брег, скокала преку растенијата и цвеќињата, бркала и јадела малечки инсекти…
Еден ден, додека се печела на сонцето, жабата видела едно многу големо животно. Тоа бил бел вол со огромни рогови и долга силна опашка.
Жабата се приближила до него и го прашала:
– Како си станал толку огромен, со толку голема опашка?
– Бог ме создал таков- одоговорил волот.
– А може ли и јас да станам голема како тебе?- продолжила да прашува жабата.
– Пробај …
Жабата почнала да се дуе, телото и станало малку поголемо, а кожата и се тегнела се повеќе и повеќе. Тогаш таа прашала:
– Пораснав ли колку тебе?
– Не! и одговорил волот.
Жабата продолжила да се дуе.
– Ете скоро те стигнав.
– Никогаш нема да пораснеш колку мене – и рекол волот.
Жабата продолжила да напнува, да се дуе, се додека на крај не пукнала и умрела. Тоа се случило затоа што не можела да се прифати самата себеси таква каква што била.