Близината на емотивниот тон определува дали и до кој степен луѓето ќе имаат желба да се дружат едни со други.Ако внимателно погледнеме, ќе видиме дека „светлите“ луѓе  најчесто се во друштво со „светли“ луѓе, додека „темните“ исто така, си бараат соодветни „потемни“ личности за дружење.
Една дружба престанува тогаш кога што емотивните тонови на луѓето ќе се изместат од балансот што дотогаш постоел.
Тогаш луѓето почнуваат се поретко да се дружат и да се јавуваат едни на други, се до потполно заборавање.Потоа се појавуваат нови пријатели, нови дружби, и се отвораат нови комуникации.