Простувањето го потенцира лошото во постапката на оној на кого му простуваме.

И затоа, кога човекот „простува“, тој се поставува повисоко од оној на кого му простил.

Простувањето е обичен его трип. Ништо повеќе.

Егото мисли: „Еве, благороден сум, способен сум да простам.  Простено нека му е.“

Лага е тоа. И ароганција.

Единственото добро нешто што човекот може  да направи кога некој нешто „ќе му згреши“ е да се обиде да го разбере тој што „му згрешил“.
Вистинската благородност не лежи во простувањето, туку во разбирањето на другите.
Кога ќе ги разбереме луѓето, и нивните маки и проблеми, ќе можеме да ги разбереме и нивните условно земено „лоши“ постапки кон нас.

Кога некого го разбираме, ние не сме во состојба да му се лутиме, макар колку тој да „ни згрешил“. Идејата дека некој „ни згрешил“ ни ја сервира нашето его затоа што тоа ниту сака да ги разбере другите, ниту пак е способно да за тоа.

Човекот кој што разбира, нема што да простува.

Тоа е рајот на земјата.
И се вика разбирање.