Старата приказна за Пепелашка, стотици години луѓето ги учи само на еден факт:

Дека секој човек е Пепелашка се додека се согласува со идејата дека не може да искреира за себе реалност што ја посакува.

Насекаде околу нас се врткаат „лоши маќеи“ кои не тераат да се согласиме со идејата дека треба да бидеме вредни Пепелашки што послушно ќе им служат на нивните интереси.

Во играта на животот секој ја игра улогата  што сам се согласил да ја игра. Секој може да биде и принц и питач и пепелашка и принцеза.

Само во зависност од тоа со што се согласил.