Емотивниот тон (дефиниција)

Дефиниции

Емотивниот тон е состојба на човекот, која што се изразува преку збирот од  чувства, ментални состојби, мисли или телесни сензации кои што ги искусува човекот во даден момент.

Емотивен тон на секој човек варира во зависност од ситуацијата во која што тој се наоѓа во даден момент.Сепак, секој човек има генерален емотивен тон кој што преовладува кај него.

         Пример:

          Миле е весело момче, полно со ентузијазам и расположено секогаш да помогне и да им излезе во пресрет на своите соученици кога што имаат некој проблем со учењето. Тој е посакуван во секое друштво затоа што секогаш е добронамерен и внимателен со луѓето во неговата околина.

          За него се вели дека има висок емотивен тон.

За разлика од Миле, Горан е момче кое што не пропушта да направи некоја штета или да зборува лошо за неговите школски другари. Најголемиот дел од времето го поминува смислувајќи начини за да направи некоја интрига и да ужива во глетката кога другите се караат. Тој е неомилен од околината, и луѓето го одбегнуваат во сите можни прилики.

За него се вели дека има низок емотивен тон.