Вера (дефиниција)

Дефиниции

Верата е чисто, неосквернавено интегрирано знаење, или спознание, кое што се стекнува со истрајна работа.

Верата е потпирање врз чистиот разум, знаење и способностите што ги има човекот, и во крајна сметка, верата е компетентност.

Пример за вера:

Никола е одличен мајстор за поправка на автомобилска елекроника. Тој одлично си ја знае работата и е многу баран мајстор. Тој има долгогодишно искуство во работа со најсложени електроники за автомобили и може да го поправи секој електронски дефект кај било кој автомобил. Тој не се сомнева во своите способности, затоа што знае дека ЗНАЕ.

Знаењето што тој го стекнал со долгогодишното искуство е неговата вера.