Буда и Исус биле големи не затоа што верувале во Бога, туку затоа што биле доволно храбри и го спознале Него.

Човекот верува кога се плаши да ја види вистината. Вистината има својство да го плаши човекот.
Суровиот материјален универзум и човековата околина честопати делуваат премногу застрашувачки на единката за таа да може без страв да ги набљудува и да се соочува со секоја вистина.

Човекот под власта на стравот решава да верува во она што му е удобно да верува, за да не се соочи со вистината.
Оној кој што е способен да ја соочува вистината нема потреба да верува. Тој набљудува, спознава и ЗНАЕ.

Бог е вистината
Во вистината не се верува
Таа се спознава
Таа се ЗНАЕ!